Опис
Дозирање: 1 супена лажица со чаша вода, 3 часа по последниот оброк пред спиење или по препорака на лекар
Опис:
TrimeX е течен производ кој се состои од аминокиселински комплекс, патентирана антиоксидантна мешавина и хром. Овој производ е наменет за оние кои сакаат да држат соодветна диета и активен животен стил!
Кој го препорачуваме:
TrimeX е течен производ наменет за намалување на телесната маса, кој се состои од аминокиселински комплекс, патентирана антиоксидантна мешавина и хром. Аминокиселините ги штитат мускулите од губењето на маса за време на слабеењето и го подобруваат нивниот развиток, додека хидроксицитричната киселина екстрахирана од Garcinia cambogia спречува внесените енергетски материи да се претворат во масти. Со соодветна диета и активен животен стил со сигурност ќе ги постигнете саканите разултати!
Тримексот помага да се прочисти црниот дроб и го стимулира согорувањето на постоечките телесни масти
Комплексот на амино киселини помага да се прочисти црниот дроб, а кога црниот дроб е со послабо дејство,доаѓа до несоодветно лачење на жолчката, при што мастите не се распрснуваат доволно и активноста на липазниот ензим е помалку ефикасен. Амино киселините дополнително придонесуваат за забрзување на размена на супстанции, намалување на масните наслаги, зголемување на производството на енергија, а во исто време го одржуваат и зајакнуваат мускулното ткиво, односно се постигнува губење на тежина без губење на мускулното ткиво и неговиот тонус.
Тримекс го намалува зголемениот апетит
За тоа, покрај гарцинијата, заслужен е и хромот кој е од суштинско значење за метаболизмот на мастите и јаглените хидрати и преку факторите за толеранција на гликозата е вклучен во регулирањето на шеќерот во крвта. Карактеристика на хром пиколинатот е да воведува многу брзо ред во нашиот апетит и нè учи да јадеме само тогаш кога сме навистина гладни. Хромот го подобрува искористувањето на амино киселините, ја забрзува синтезата на протеините и влијае на други метаболички процеси. Тоа има позитивен ефект врз односот помеѓу мастите и мускулите во телото, бидејќи го поддржува процесот на конвертирање на масното ткиво во мускулно ткиво.
Тримекс го спречува таложењето на нови масти и промовира претварање на калории во топлина
Супстанциите содржани во TrimeXа најпознат е хидроксицитратот, супстанција од билката Garcinia cambogia, го намалува создавањето на нови молекули на масти во телото, вклучувајќи го и холестеролот. Garcinia има способност да го запре создавањето на масното ткиво и да го зголеми количеството на гликозата, со тоа, што го инхибира ензимот ATP-цитрат лиазата – кој секој вишок на внесени јагленихидрати го претвора во масти. Студии потврдуваат дека Garcinia може да го подобри трошењето на калории, влијае на намалување на апетитот, и да се подигне нивото на енергија на организмот. Garcinia и супстанциите содржани во зелениот чај и грејпфрут, имаат термоген ефект (производство на топлинска енергија од расположливите калории), која придонесува за што помало количество на внесена на храна да се депонира во резерви. Зелениот чај дополнително ги штити клетките од штетното дејство на слободните радикали, ја поттикнува циркулацијата и има позитивен ефект врз варењето на храната и заштита на вените и капиларите, а маслото од семе од грејпфрут содржи многу флавоноиди и придонесува во работата на дигестивниот систем и чистењето на цревата.
Тримекс го подобрува варењето
Многу корисници на Trimex знаат за корисниот ефект од редовното празнење на цревата, што ја намалува апсорпцијата на отровите од цревата во крвта, односно го подобрува целокупниот ефект на чистење на телото. Во ова помага алое вера која ја има во Trimex и која ги врзува мастите во системот на пробава и помага во контролата на шеќерот во крвта. Токму процесот на губење на тежина бара темелна детоксикација на отровните и штетни материи, во која алое вера е особено ефективна. Треба да се спомене маслото од жолт кое содржи гама-линоленска киселина, со што се забрзува размената на материите и помага во согорувањето на вишокот на калории, а манганот кој е неопходен додаток на сите добри формули за губење на тежината, бидејќи во телото делува како кофактор на ензимот за производство на енергија и го поттикнува складирање на гликоген во црниот дроб ( резервен шеќер). Во процесот на чистење, губење на тежината и зголемена физичка активност (спортисти, луѓето на диета) се зголемува потребата од заштитната улога на манганот во одржувањето на здрава коскена структура и ’рскавиците.
TrimeX е течен концентрат на новата генерација со повеќекратно дејство:
Состојки:
Манган 2.5 мг
Хром 120 мцг
Протеинска мешавина 3000 мг
Екстракт од Garcinia Cambogia 500 мг
Алое вера фитогел 7.8 мг
Екстракт од лист на зелен чај 6.2 мг
Масло од јаглика 1.6 мг
Зошто да ги изберете производите на Calivita:
- Со извонредна професионална позадина, CaliVita ги нуди своите производи кои ги задоволуваат прописите за највисок квалитет повеќе од 30 години.
- Секогаш се стремиме да користиме природни основни материјали кои потекнуваат од најдобрите извори.
- За време на нашиот развој, работиме со подобра апсорпција, на пример органски, форми.
Ние нудиме 100% гаранција за квалитет на нашите производи. - Нашите производи се предмет на строга и повеќекратна процедура за испитување со цел континуирано да се обезбеди одличен квалитет.
- Огромното мнозинство од нашите додатоци во исхраната се произведуваат во фармацевтски услови во САД.
- Производите се произведени според принципите на cGMP (тековна добра производна практика), додека континуирана контрола и редовно закажани ревизии од страна на FDA (Управа за храна и лекови) се исто така извршени. Работиме во тесна соработка со локалните власти за лиценцирање со цел да се осигураме дека на нашите потрошувачи секогаш им се обезбедуваат производи со највисок квалитет.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Да се чува подалеку од дофат на мали деца. Не треба да се надминува препорачаната дневна доза. Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна исхрана.