vita shop
сакате веднаш да купувате по повластени Клубски цени? за нарачка над 2500 ден. - 25% попуст достапен ВЕДНАШ! - Бесплатна достава од 100 €
Previous
Previous Product Image

RiseUp Pure 338 гр. – Мултиактивен колаген во прав, без вкус

4300,00 ден
Next

Super Soya Lecithin (250 гел капсули) 250 гел капсули – лецитин од соја

2706,00 ден
Next Product Image

Strong Bones (250 капсули) 250 капсули – Калциум и магнезиум

1725,00 ден

Количина на залиха: 19

SKU: CV0282 Категорија
Trust Badge Image

Опис

Дозирање: 4-6 таблети дневно со оброк или по препорака на лекар

 

Опис:

Производот Strong Bones е додаток во исхраната кој во својот состав ги содржи минералите калциум и магнезиум. Овие два минерали докажано учествуваат во одржувањето на здрави коски, здрави заби, придонесуваат во нормалната функција на имунолошкиот систем, како и во нормалната мускулна функција. Калциумот и магнезиумот исто така помагаат во одржување на нормалниот енергетски метаболизам, а магнезиумот и синтезата на протеините и во намалувањето на заморот. Магнезиумот придонесува во нормалната функција на нервниот систем, додека пак калциумот во нормалниот процес на невротрансмисија во мозокот. синтезата на протеините. Калциумот придонесува во нормалниот раст и развој на коските кај децата. Кога станува збор за жените во пост-менопауза, калциумот помага во намалување на губитокот на коскените минерали, кој пак е ризик фактор за настанување на фрактури кај оваа популација.

 

Кој го препорачуваме:

Би сакале да ја одбегнете остеопорозата?

Во тој случај, би требало да почнете со земање  калциум и магнезиум уште пред 30-тата година, превентивно. Имено, не случајно оваа болест ја нарекуваат “тивка болест “, бидејќи напаѓа неосетно и полека, а симптомите се забележуваат кога веќе проблемот е тука – коските се истенчуваат и лесно се кршат. Доколку на нашиот организам редовно и во оптимални количини му обезбедуваме калциум и магнезиум, можеме да го избегнеме настанувањето на остеопороза и ефикасно да го зачуваме здравјето на коските.

 

Калциум

Тоа е минерална материја, неопходна за зачувување на здрави коски и зајакнување на забите. Неговиот недостиг може да предизвика: рахитис, остеопороза, остеомалација и кариес. Со вообичаената исхрана, не внесуваме доволно количество калциум и затоа речиси сите сме советувани да го надоместуваме. Потребите од калциум кај жената се нешто поголеми, особено во периодот по породувањето и во менопаузата, заради што им е неопходна поголема суплементација.

Магнезиум

Потребен е за ефикасно работење на нервниот систем, мускулите и бројните ензими. Учествува во управување со повеќе од 300 витално значајни ензими, со што игра важна улога во метаболизмот на шеќерите, мастите, нуклеинските киселини и белковини, како и во процесите на производство и искористување на енергијата. Магнезиумот ја намалува можноста за формирање на бубрежни и жолчни камења на база на калциум, а е неопходен и за вградување на калциумот во телото.

Особено е важно калциумот и магнезиумот да се внесуваат во идеален сооднос 2 : 1.

 

Состојки:

Калциум 300 мг

Магнезиум 150 мг

 

Зошто да ги изберете производите на Calivita:

  • Со извонредна професионална позадина, CaliVita ги нуди своите производи кои ги задоволуваат прописите за највисок квалитет повеќе од 30 години.
  • Секогаш се стремиме да користиме природни основни материјали кои потекнуваат од најдобрите извори.
  • За време на нашиот развој, работиме со подобра апсорпција, на пример органски, форми.
    Ние нудиме 100% гаранција за квалитет на нашите производи.
  • Нашите производи се предмет на строга и повеќекратна процедура за испитување со цел континуирано да се обезбеди одличен квалитет.
  • Огромното мнозинство од нашите додатоци во исхраната се произведуваат во фармацевтски услови во САД.
  • Производите се произведени според принципите на cGMP (тековна добра производна практика), додека континуирана контрола и редовно закажани ревизии од страна на FDA (Управа за храна и лекови) се исто така извршени. Работиме во тесна соработка со локалните власти за лиценцирање со цел да се осигураме дека на нашите потрошувачи секогаш им се обезбедуваат производи со највисок квалитет.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Да се чува подалеку од дофат на мали деца. Не треба да се надминува препорачаната дневна доза. Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна исхрана.

Shopping cart

0
image/svg+xml

No products in the cart.

Continue Shopping