Опис
Дозирање: 1 таблета дневно или по препорака на лекар
Опис:
Во денешно време и со ова брзо темпо на живот, човечкиот организам е секојдневно изложен на разни предизвици. Производот MagneZi B6 во својот состав содржи: магнезиум, витаминБ6 и цинк…
Кој го препорачуваме:
Магнезиумот во организмот учествува во многубројни биохемиски процеси. Врши активирање на повеќе ензими, а посебно на оние кои учествуваат во процесите на производство на енергија. Сепак, најчесто може да се најде во вид на минерал кој учествува во заштита на нервниот систем, а неопходен е за нормално функционирање на мускулното ткиво. Како прв недостаток од него е главно појавувањето на грчеви, слабост и пореметување во функционирањето на мускулите. Правилното снабдување на магнезиумот исто така придонесува во одржувањето на здравото ниво на крвен притисок.
Витаминот Б6 најчесто е во комбинација со магнезиумот во додатоците на исхрана, бидејќи преку синергистичкото дејство помага во ефикасна абсорбција. Игра многу важна улога во одредени процеси на разградување и апсорбција на белковини, јаглени хидрати и масти, во правилно функционирање на имуниот систем и во процесите на делба на клетките, а воедно допринесува и во балансирањето на функцијата на нервниот систем.
Цинкот е важен активатор на ензимите, учествува во процесите на функција на имунот систем, а преку своите антиоксидативни својства придонесува за спречување на штетните оксидативни процеси. Бидејќи во организмот не се складира во голема мера, потребно е постојано да се внесува.
MagneZi B6 се препорачува на сите оние кои се изложени на зголемени физички активности (спортисти, лицата кои извршуваат тешки физички работи) или психички (стресно опкружување, испитни рокови) оптеретувања, како и на сите оние кои имаат потреба од дополнителна енергија за време на тешките денови.
Состојки:
Магнезиум 100 мг
Цинк 5 мг
Витамин Б6 (пиридоксин) 5 мг
Зошто да ги изберете производите на Calivita:
- Со извонредна професионална позадина, CaliVita ги нуди своите производи кои ги задоволуваат прописите за највисок квалитет повеќе од 30 години.
- Секогаш се стремиме да користиме природни основни материјали кои потекнуваат од најдобрите извори.
- За време на нашиот развој, работиме со подобра апсорпција, на пример органски, форми.
Ние нудиме 100% гаранција за квалитет на нашите производи. - Нашите производи се предмет на строга и повеќекратна процедура за испитување со цел континуирано да се обезбеди одличен квалитет.
- Огромното мнозинство од нашите додатоци во исхраната се произведуваат во фармацевтски услови во САД.
- Производите се произведени според принципите на cGMP (тековна добра производна практика), додека континуирана контрола и редовно закажани ревизии од страна на FDA (Управа за храна и лекови) се исто така извршени. Работиме во тесна соработка со локалните власти за лиценцирање со цел да се осигураме дека на нашите потрошувачи секогаш им се обезбедуваат производи со највисок квалитет.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Да се чува подалеку од дофат на мали деца. Не треба да се надминува препорачаната дневна доза. Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна исхрана.