Опис
Дозирање: 1 таблета за жвакање по оброк или по препорака на лекар или фармацевт
Опис:
Papaya Plus (додаток во исхраната) e комплекс од ензими од растително потекло во форма на вкусни таблети за жвакање, кои во својот состав содржат Папаја во прав, Фунгална амилаза, Фунгална липаза, Фунгална лактаза и Хлорофил. Производот содржи шеќер и засладувач.
Кој го препорачуваме:
Papaya Plus е комплекс на ензими од растително потекло кои помагаат во олеснување и подобрување на варењето на храната.
За кого се препорачува:
- оние кои сакаат на лесен начин да го помогнат варењето на храната,
- за оние кои често конзумираат храна која предизвикува гасови или надуеностa, или пак во случаи на наденост
- за сите оние кои имаат проблеми со варењето.
Ензимите состојки кои помагаат во одвивање на хемиските процеси во организмот, поради кои и се нарекуваат биокатализатори. Белковините, мастите и јаглехидратите под влијание на ензимите за варење се разлагаат на аминикиселини, масни киселини или едноставни шеќери, кои се потоа лесни за ресорпција и искористување во човечкото тело.
Варењето започнува уште од усната шуплина преку делување на алфа-амилазата (птијалин) на молекулите на скробот. Храната во желудникот се омекнува со делување на желудочната киселина (HCl), а во таква кисела средина се активира и ензимот пепсин кој го помага разлагањето на макромолекулите на белковините на аминокиселините. Панкреасот лачи мешавина од најважните ензими за варење на белковините, мастите и јаглехидратите. Сложените молекули на јаглехидратите (скроб и гликоген) се разградуваат со делување на амилазата. лактазата ви сахаразата на едноставни шеќери. Нивното понатамошно разложување до јаглерод диоксид и вода, ослободува енергија нужна на животните процеси. Жолчните киселини се потребни за варење и ресорпција на масти, како и ензими на липаза. Така разградените молекули можат лесни со водата, да се ресорбираат во цревата заедно со сите останати витамини и електролити. Здравјето на системот за варење е клучен за постигнување на севкупното здравје на целиот организам. Колку е добро нашето варење, толку енергија и ќе имаме, а од тоа зависи и состојбата на духот и телото како и нашата животна долговечност. Проблемите во варењето во денешното модрено време се јавуваат кај сите старосни и социјални групи.
Најчестите проблеми кои се поврзани со здравјето на системот за варење се лошото варење, зарази на цревата, надуеност и воспаленија (синдром на иратибилен колон, улцерозен колит, гастритис, Кронова болест), неправилно празнење на цревата (запек, пролив) итн…
Состојки:
Папаја во прав 200 мг
Фунгална амилаза 30 мг
Фунгална липаза 25 мг
Фунгална лактаза 5 мг
Хлорофилини (натриум бакар хлорофилин) 1 мг
Зошто да ги изберете производите на Calivita:
- Со извонредна професионална позадина, CaliVita ги нуди своите производи кои ги задоволуваат прописите за највисок квалитет повеќе од 30 години.
- Секогаш се стремиме да користиме природни основни материјали кои потекнуваат од најдобрите извори.
- За време на нашиот развој, работиме со подобра апсорпција, на пример органски, форми.
Ние нудиме 100% гаранција за квалитет на нашите производи. - Нашите производи се предмет на строга и повеќекратна процедура за испитување со цел континуирано да се обезбеди одличен квалитет.
- Огромното мнозинство од нашите додатоци во исхраната се произведуваат во фармацевтски услови во САД.
- Производите се произведени според принципите на cGMP (тековна добра производна практика), додека континуирана контрола и редовно закажани ревизии од страна на FDA (Управа за храна и лекови) се исто така извршени. Работиме во тесна соработка со локалните власти за лиценцирање со цел да се осигураме дека на нашите потрошувачи секогаш им се обезбедуваат производи со највисок квалитет.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Да се чува подалеку од дофат на мали деца. Не треба да се надминува препорачаната дневна доза. Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна исхрана.